Преговорите за Обвинителството и за СЈО под удар на „Рекет“

во категоријата Македонија

Специјалното јавно обвинителство и преговорите за него на некој начин се под удар на аферата „Рекет“. Ова е ставот на новинарот Бранко Геровски авторот на „Рекетарската сага“, искажан во емисијата „200“ на Алсат.  Посочува дека мора да има политичка одговорност на дел од челниците во власта, во спротивно фактурата ќе стигне на избори. Според Геровски бомбите не смеат да служат за засновање на судски пресуди.

Од политиката бегање нема, во моментов ние имаме важечки лекс специјалис – тоа е посебен закон со кој се дерогира некој закон. Овој закон за СЈО ќе се менува со друг закон во кој треба да се одлучи за нелегално прибавените материјали да станат докази кои може да се користат како докази, но не врз нив да се заснова судска одлука. Решението е опозицијата да го предлага јанвиот обвинител за да се врати довербата…- рече Бранко Геровски, Новинар.

Според екс-пратеникот, претставник на Шарената револуција, Павле Богоевски, грдата вистина е дека никој не е отпорен на корупција. Според него, политичката одоворност ќе следи откако ќе се утврди кривична одговорност на сторителите, без разлика на партиската позиција. Но, според него, опозицијата не смее да го избира новиот јавен обвинител.

Би било грешка во овој момент да се дозволи опозицијата да предлага јавен обивнител. Целата битка со корупцијата не смее да заврши со Боки 13 и Катица Јанева, туку да се прошири и врз сегашни функционери. Ние не смееме да ги заборавиме старите случаи. Давањето можност ВМРО-ДПМНЕ во овој момент да предлага обвинител да ги преземе предметите на СЈО е самоубиство…- рече Павле Богоевски, Поранешен пратеник.

Професорката Беса Арифи потсетува дека СЈО беше оформено не поради фактот дека редовното јавно обвинителство не смееше да ги користи бомбите како доказ, туку затоа што во тоа време не сакаше да ги процесуира случаите.

Не беше проблем кај доказите, туку кај волјата да се спроведуваат тие постапки. „Според вас може да се користат нелегалните прислушувани материјали“? (новинар)  Не само од СЈО, туку од секое обвинителство, бидејќи кога се зборува за ЗКП тој член 12 важи за сите обвинителства  кои функционираат во рамките на републиката и важело и порано…  И праксата на ЕУ, Суд за човекови права дозволува употреба на нелегално снимени материјали и кога тоа значи прекршување на одредени човекови права- рече Беса Арифи, УНиверзтетски професор.

Гостите во емисијата „200“ едногласни дека не смеат да се забошотат случаите произлезени од СЈО.

Весна Велкова 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/