Првиот човек на ЕХФ во Скопје: И Видерер сакаше да гледа Македонија-Португалија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

во категоријата Спорт

Првиот човек на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер е во Скопје, како специјален гостин на Ракометната федерација на Македонија.

Заедно со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, како и со генералниот секретар Филип Милошевски, денеска ги посети и двете арени СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ и проследи неколку натпревари од Пресидент купот и од осминафиналната фаза на Светското првенство У19 кое се одржува во нашата престолнина.

Видерер заедно со челниците на РФМ од ложата во СЦ „Борис Трајковски“ го следи и осминафиналниот дуел меѓу Македонија и Португалија.

 

Извор: https://sportmedia.mk/