ПО ДОЛГИ ГОДИНИ: Гоце Толески се врати во ФК Охрид!

во категоријата Спорт

Како што пренесува „Охридњус“, Гоце Толески по долги, долги години се врати во ФК Охрид, во својот матичен клуб. Да потсетиме дека Толески е поранешен репрезентативец на Македонија, играше и за Напредок, Работнички, Ренова а имаше и интернационална кариера. Тој деновиве е кооптиран во младинската школа на ФК Охрид.

Тој за „Охридњус“ истакна…

„Официјално прв пат се враќам во охридскиот фудбалски клуб откако заминав како млад фудбалер. Јас работам како тренер во фудбалската академија, но во клубот сум првпат. Чест и задоволство ми е што сум дел од ФК Охрид и што ќе имам можност да работам со помладите фудбалери кои треба и ќе бидат темел на екипата, сега, но и во понатамошните сезони и години кои следуваат. Искрено се надевам дека овој проект со фудбалскиот клуб ќе биде долгорочен и ќе имаме можност долги години да уживаме во фудбалската магија“.

 

 

 

Извор: https://sportmedia.mk/