Почина бремената жена која беше повредена во сообраќајката кај Крушевац

во категоријата Регион

Јована Миленковиќ (24), бремената жена која вчера беше повредена во тешката сообраќајна несреќа која се случи во близината на српскиот град Крушевац, утринава им подлегна на повредите. Во оваа несреќа на лице место загина нејзиниот сопруг.

Нејзиното бебе кое веднаш по незгодата било родено со царски рез, и натаму е во тешка состојба, соопштуваат српските медиуми.

Заедно со нив во автомобилот биле и таткото на Јована, и нејзината сестра.

До несреќата дојде откако автобус се лизна поради снегот и мразот, и удри во нивниот автомобил.

За повеќе инфо на овој линк: https://tv21.tv/mk/