Почетино побара 20 милиони евра по сезона за да го преземе Јувентус

во категоријата Спорт

Јувентус е во интензивна потрага по нов тренер по објавата дека Алегри го завршува својот престој на клупата на Старата Дама. Денеска веќе почнаа да пристигнуваат низа прогнози околу новото тренерско решение, а авторитетниот весник „Кориере дела Сера“ излезе со тврдење дека првиот човек на клубот, Ањели, веќе остварил разговор со актуелниот менаџер на англиски Тотенхем, Маурисио Почетино, кого лично го посакува за наследник на Алегри.

Весникот тврди дека двете страни во последните неколку недели се во интензивни контакти, а тоа го знаел и Алегри. Аргентинецот наводно побарал плата од 20 милиони евра по сезона за да дојде во Торино, а засега не се знае дали Ањели е подготвен да ја плати оваа сума.

Извор: https://sportmedia.mk/