ПОСЛЕ ПРВА ФАЗА, ПРВО КРАТЕЊЕ НА СПИСОК: Брестовац утре ќе „избрише“ тројца ракометари за Мундијалот

во категоријата Спорт

Селекторот на машката кадетска репрезентација Данило Брестовац има уште два тренинзи на кои треба да одлучи кои тројца репрезентативци ќе отпаднат при првото кратење на списокот за учеството на Светското првенство во август во Скопје.

Кадетите утре ја финишираат првата фаза од подготовките во Струга, а тоа значи и први промени во тимот, односно од 23 колку што се во моментов, во продолжение Брестовац ќе смета само на 20 ракометари.

„Утре ќе елиминирам тројца играчи од актуелниот состав. Имам пет-шест играчи во комбинација, но уште се двоумам. Имаме два тренинзи до заминување од Струга и тогаш дефинитивно ќе одлучат и ќе соопштам на кои играчи нема да сметам понатаму“, изјави за СПОРТМЕДИА, селекторот Данило Брестовац.

Репрезентацијата утре ја напушта Струга и играчите ќе имаат три дена одмор пред новиот собир во Маврово, закажан за 20 јули. Тимот десет дена ќе остане на оваа локација пред доаѓањето во Скопје на 1. август каде ќе го чека почетокот на мундијалот на 6 август.

Извор: https://sportmedia.mk/