Поранешна авганистанска пратеничка убиена во својот дом 

1 min read

Станува збор за Мурсал Набиздада, кој беше член на парламентот во претходната влада поддржана од Западот, а која одби да побегне од Авганистан кога талибанците ја презедоа власта во август 2021 година

Вооружени напаѓачи ноќеска убиле поранешна пратеничка во авганистанскиот парламент и еден од нејзините телохранители во нејзиниот дом во Кабул, јавува агенцијата Франс прес, повикувајќи се на локалната полиција. 

Станува збор за Мурсал Набиздада, која беше членка на парламентот во претходната влада поддржана од Западот, а која одби да побегне од Авганистан кога талибанците ја презедоа власта во август 2021 година. 

Во нападот бил ранет и еден од нејзините браќа, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата Калид Задран.  

Тој додал дека безбедносните сили отвориле истрага за откривање на напаѓачите. 

Триесет и двегодишната Мурсал Набиздада од источната провинција Нангархар беше избрана за пратеник во Кабул во 2018 година. 

Дипломирала бизнис менаџмент и се школувала во Пешавар, во соседен Пакистан, пред да се врати во Авганистан. 

 „Мурсал Набиздада е убиена во темнина, но талибанците го градат својот систем на родов апартхејд на светлината на денот“,

реагираше германската европратеничка Хана Нојман во порака на Твитер, наведувајќи дека е „тажна и лута“. 

Во текот на двете децении воена интервенција предводена од САД во Авганистан жените заземаа важни позиции во авганистанското општество. Многу од нив станаа судии, новинарки, полицајки или влегуваа во политиката. 

Сепак, повеќето од нив побегнаа од земјата кога талибанците повторно се вратија на власта во август 2021 година. 

 Оттогаш тие воведоа строги ограничувања за авганистанските жени, отстранувајќи ги од јавните позиции, им забранија да посетуваат средни училишта и универзитети или одење во паркови.  

Десетина земји-членки на Советот за безбедност на ОН во петокот ги повикаа талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки против жените во Авганистан, на маргините на состанокот зад затворени врати за ситуацијата во таа земја.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Почна пријавувањето за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2023“

Следно

Потрагата по уште четворица патници од авионот кој се урна во Непал продолжува утре

Latest from Blog

Марија Павловска добитничка на престижната меѓународна награда „Донатело“ на Фондацијата ‘Fondazione Effetto Arte’ во Палатата Боргезе во Фиренца

Селектирана и посочена како уменик со активност на интернационално ниво, Марија Павловска, e добитничка на престижната меѓународна