Попович: Австралија е најсериозниот кандидат за титулата на СП

во категоријата Спорт

Иако репрезентација на САД на Светското првенство во Кина во составот ќе нема бројни ѕвезди, сепак останува како еден од главните кандидати за трононот. Покрај „Дрим тимот“ се споменува и Србија, но ако се прашува селекторот, Грег Попович, нема да биде чудо доколку Австралија се закити со злато.

„Нема дилеми околу тоа кој може да дојде до титулата. Не го зборам ова оти сум тука, тоа е фајт. Близу се веќе неколку години и секако гладни за успех. Имаат талентирани кошаркари и доличен тренер, сметам дека се сериозен кандидат за титулата“, изјави Попович,

Австралија на СП е во група со Канада, Сенегал и Литванија.

Извор: https://sportmedia.mk/