Пожар на товарен брод во близината на Мајорка, во тек е спасувачка акција

во категоријата Свет

Пожар избувна на италијанскиот трговски брод „Гранде Еуропа”, на 25 милји јужно од градот Палма на островот Мајорка, пренесува „Спутник“. Во моментов два хеликоптери и три бродови спроведуваат спасувачка операција.

На бродот имало 14 членови на екипажот кои биле евакуирани, додека неколкумина останале на бродот помагајќи за гасење на пожарот.

Извор: https://tv21.tv/mk/