Погледнете го местото каде што се случила катаклизмата која ја уништила древната Земја (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Група американски археолози кон средината на 80-тите години од минатиот век, на сателитски снимки забележала дека полуостровот Јукатан во Мексико е речиси совршен круг.

Се воспоставило дека станува збор за кратер кој настанал од удар на астероид.

Астероидот длабоко се забодел во земјата бидејќи кратерот е длабок 30 километри. Од јачината на ударот, тлото околу него се однесувало како кога ќе фрлите камче во бара.

Овој удар го променил светот до непрепознатливост. Температурите се спуштиле до степен што 75 проценти од животот на Земјата исчезнале, вклучувајќи ги и диносаурусите.

Меѓутоа, се додека во 1991-ва година не биле објавени резултатите од истражувањата на овој кратер, кој го добил името Чикшулуб, истиот не бил многу интересен.

Денес на место се наоѓа музеј отворен во 2018-та година, заеднички проект на мексиканската влада и најголемиот тамошен универзитет, УНАМ, а целта е луѓето да се вратат 66 милиони години во минатото, кога астероид со обем од 12 километри ја променил историјата на светот и оставил последици кои се чувствувале неколку милиони години.

Но, главната работа – остатоците од астериодот – и натаму се безбедни во длабочините на Чикшулуб.

Може да се нурне толку колку што е длабочината на убавите сини лагуни, во кои туристите пливаат со риби, свесни за драмата која таму се одвивала. Денес тие лагуни, настанати од удар на астероид, се главен заштитен знак на Јукатан и голема туристичка атракција.

Извор: Kurir.rs

ИЗВОР: https://usb.mk