Погледите кон Серија А: Пандев, Елмас, Нестор…МРТВ со изненадување

во категоријата Спорт

Се чини за нас, за македонските фанови, новата сезона во Серија А, која стартува денеска, како никогаш порано нема да биде толку интересна. Се разбира и поради силниот Јуве, новиот Интер на Конте, Наполи на Анчелоти, Милан, Лацио, Рома…но и поради фактот што ќе има и неколку „македонски дербија“.

Кога ќе играат меѓусебе Џенова, Наполи и Удинезе. Ќе навиваме за Горан Пандев, Елиф Елмас, Илија Несторовски и ќе се воодушевуваме на нивните игри, голови.

Посебно внимание ќе биде насочено кон „дијамантот“ кој со преминот од Фенербахче во Наполи го направи најскапиот трансфер на некој наш фудбалер, со вредност околу 18 милиони евра. Вечерва гостува кај Фиорентина, а се очекува Анчелоти да му даде шанса на Елмас да го има своето деби во Серија А.

За Пандев нема што многу да се говори освен дека му посакуваме уште една блескава сезона во Калчото, додека Несторовски по две години играње со Палермо во Серија Б, сега  со Удинезе се врати на големата сцена. 

Кога сме кај Серија А да кажеме дека МРТВ подготви изненадување за фановите на италијанскиот фудбал. Имено на нашиот национален сервис ќе биде пренесуван по еден меч од секое коло. 

Извор: https://sportmedia.mk/