„Погба не е достоен нуту да ги чисти копачките на великаните на Јунајтед“

во категоријата Спорт

Војната која се случува во Манчестер Јунајтед предизвика реакции од големите фудбалски имиња во Англија. 
Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, Алан Ширер, застана во одбрана на Жозе Мурињо и испрати критика до играчите.
„Манчестер Јунајтед е вистинска срамота денес, а фудбалерите уште поголема, бидејќи не сакаат да играат за Мурињо. Денес гледаме видеа од тензични тренинзи со многу дискусија, а малку работа. Вината не е само кај Мурињо. Ова немаше да се случи кога јас играв. Клубот имаше огромна моќ, а исто така и клубот. Сега, моќта е на страна на фудбалерите.
Погба е најскапиот фудбалер во историјата на Јунајтед, но кога ќе ги погледнам големите имиња кои го носеле дресот, тој не е достоен да им ги чисти копачките. И покрај тоа што е светски шампион“ , вели поранешниот англиски голгетер.

„Црвените ѓаволи“ денес ќе ја пречекаат Валенсија во второто коло од Лигата на шампионите.

Извор: https://www.gol.mk/