Повторно земјотрес на Закинтос

во категоријата Регион од

5 ноември 2018 / 10:52

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер денеска го погоди грчкиот остров Закинтос.
Потресот е почувствуван изутринава, десетина минути пред девет часот по локално време. Според сеизмолошките податоци, епицентарот бил на 40 километри југозападно од островот.
Од крајот на октомври во околината на Закинтос во Јонското море беа регистрирани голем број земјотреси од кој најсилниот со јачина од 6,4 степени по Рихтер.

Извор: http://www.alsat-m.tv/mk/