Пендаровски подржува меѓународна истрага за „Диво насеље“

во категоријата Македонија

Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот процес за случајот „Диво насеље“ не ги опфаќа клучните актери кои учествувале во подготовката на кумановските настани. Во емисијата „360 Степени“ Пендаровски немаше дилеми дека тоа е договорен настан.

 „Зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се зафатени луѓето кои дадоа наредба тоа да се направи бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа. И луѓето кои спроведуваа, да ги наречам, претходни подготовки за тој настан да се случи, и тие се случуваа на територијата на Косово и на територијата на Јужна Србија“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

Пендаровски рече дека инсистира на меѓународна истрага за „Диво насеље“ и ги повика надлежните институции да побараат директна меѓународна правна помош.

 „Бидејќи, да се разбереме, според нашите прописи не е возможно странска полиција, странска служба, директно да презема извршни дејствија од било кој тип, не само во овој аспект, меѓутоа може да помага. Не знам зошто тоа до сега не е направено. Навистина тоа не е прашање кое е за мене, да го одговорам, меѓутоа и мене ме интересираше затоа што тврдам дека случај којшто има меѓународен аспект, а три држави се инволвирани, ви ги спомнав другите две освен нашата, би било добро да се одработи со заедничка меѓународна акција“, рече Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

Во интервјуто, кое ќе биде емитувано вечерва во емисијата „360 Степени“, Пендаровски зборува и за припадници на македонските безбедносни служби кои се поврзуваат со кумановските настани.

АЛСАТ

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/