Пендаровски: Евроатлантските интеграции се клучен фактор за стабилност во регионот

во категоријата Македонија

Според Пендаровски, клучниот стратешки пробив што земјата го направила во сферата на безбедноста несомнено е поканата за членство во НАТО.

Наша цел не е само да бидеме номинална, туку членка што ќе се грижи и за пошироките безбедносни предизвици и активно ќе ја поддржува глобалната безбедност…По поканата за членство во Алијансата земјата неспорно влезе во помирни води, но далеку сме од тоа да тврдиме дека предизвиците се зад нас. Тероризмот, верскиот екстремизам, нелегалната миграција, сајбер-нападите, хибридните војни нема да исчезнат.

Свесни сме дека најефикасниот начин за справување со т.н. нетрадиционални безбедносни закани што се високо на агендата на НАТО, е заедничкото соочување со нив. Размената на информации и здружувањето на ресурсите на земјите-членки и на земјите партнери можат само да придонесат за подобро справување со предизвиците, истакна претседателот на РСМ Стево Пендаровски во обраќањето пред учесниците на работилницата на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: Импликации за земјите од Западен Балкан” што од денеска се одржува во Охрид.

Според Пендаровски, клучниот стратешки пробив што земјата го направила во сферата на безбедноста несомнено е поканата за членство во НАТО, и тоа после турбулентни години во регионот, од крвави етнички војни се до конфликтот во земјата од 2001 година, за кој забележа дека се закануваше да ја фрли земјата во бездната на меѓуетнички судир. Тука ги посочи и долгите години автократски режим зо земјата за кои рече дека ја оддалечија државата од западните и европските вредности и ја одложија евроатлантската интеграција.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/