Пациент во психијатриска болница во Романија усмрти пет лица

во категоријата Регион

Пет лица им подлегнаа на повредите во една психијатриска болница во Романија, откако пациент со носачот на инфузија ги претепал лицата, и повредил уште неколкумина.

Овој немил настан се случил во неделата во болницата во Сапока во североисточниот дел од земјата.

Според АП, 38-годишниот пациент убил три лица на место, четвртиот починал на пат на болницата, а денеска една 88-годишна старица им подлегна на повредите.

По овој инцидент, шефот на болницата Виорика Михаласку поднесе оставка.

Романското Министерство за здравство соопшти дека против вработените во болницата ќе биде поднесена кривична пријава за небрежност на работното место.

Извор: https://tv21.tv/mk