Отстранети шаторите на „Македонија блокира“ од пред Собранието

во категоријата Македонија

Утринава беа отстранети шаторите и импровизираните домови од пред Собранието каде со месеци протестираа демонстранти од движењето „Македонија блокира“. Кога дошле виделе дека градските служби ги собираат нивните предмети. Демонстрантите се револтирани за овој, како што велат, недемократски чин. Тие протестираат против уставните измени и промената на името.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk