Осминафиналето е лимитот: Македонија немаше сили за комплетен пресврт со Португалија (ФОТО)

во категоријата Спорт

Осминафиналето е лимитот! Машката кадетска репрезентација на Македонија е поразена од Португалија, 29:25 (15:12) во првата фаза од елиминациите на Светското првенство У19 во Скопје и ќе игра за пласман од 9 до 16 место.

Португалците од репрезентација со „вајлд-карта“ прераснуваат во фаворите за медал, но нивниот главен тест се чини ги чека утре во четвртфиналето против Франција.

Имаше свои шанси Македонија во првото полувреме, но за жал не ги искористи. Серафимов капитенски ја водеше екипата, имаше и поддршка од одбраната и од голманите, со оглед на тоа дека и Кизиќ беше расположен, а и Петковски одбрани седмерец. Се држевме егал 5:5, имавме и водство од два гола 7:5 во средината на полувремето, но тоа што не искористивме шанса за три гола разлика (поради техничка грешка), ни се врати експресно. Преку најефикасниот Рибеиро Португалија се врати на 8:8, односно 11:11 и во финишот на првиот дел и покрај тоа што Брестовац повика тајм-аут неговите совети не беа пресликани на теренот, напротив. Португалија поведе со 11:13, а со највисоки 12:15 замина на одмор.

Голманот на Португалија, Магалаеш ни создаваше многу проблеми на почетокот на вториот дел. Со три одбрани во низа отвори простор неговиот тим да држи три разлика, 16:12, но кога проработе и Кизиќ (три одбрани од игра и еден седмерец) отвори простор прво Серафимов да намали од пенал,  а потоа и Младеновиќ погоди за 15:16.

Нова иницијатива на Португалците, 18:15, но нашите кадети не се предаваа. Ги предводеше фантастичниот Кизиќ, кој влезе во серија за нов егал 18:18. Минутата одмор го консолидираше противникот, кој искористи и наши грешки во организацијата на нападот за 23:30 на отворањето на последните десет минути, но Кизиќ набиваше комплекси на ривалот, а Кондев донесе нов егал 23:23.

Серафимов и донесе ново водство на Македонија, 24:23, но за кусо. И Магалаеш на спротивната страна имаше свои моменти на голот, а преку седмерец Португалија се враќа на 24:26 на три ипол минути до крајот.

 

Извор: https://sportmedia.mk/