Олмо асистира, Адеми погодува, Динамо води во Будимпешта 🎥

во категоријата Спорт

На Динамо Загреб му треба победа за да се пласира во плеј-офот на Лигата на шампионите. По оние 1:1 на „Максимир“ сега треба да го совлада унгарскиот шампион или барем да одигра ефикасно реми. А „модрите“ имаат потребен резултат благодарение на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Во 16 минута тој се најде во напад, доби топка од Олмо и ја затресе мрежата на Унгарците.

Извор: https://sportmedia.mk/