Од утре поевтини горива, Регулаторна го објави новиот ценовник

во категоријата Економија

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ стапува во сила новиот ценовник за горивата. Како што е обајвено на официјалната интернет страница на РКЕ, од утре бензинот „Супер 98“ поевтинува за 3 денари и ќе се точи по цена од 68,50 денари; „Супер 95“ поевтинува за 3 денари и ќе се продава по цена од 66,50 денари. Литар дизал ќе чини 60,00 денари, што е поевтинување за два денара од цената по којашто се продаваше минатата недела.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk