ОД ГОТОВО – ВЕРЕСИЈА: Вардар загуби од Нексе првпат по пет години

во категоријата Спорт

По пет години хрватскиот вицепрвак Нексе може да се пофали дека го победил Вардар, 24:21 (11:14), вечерва пред својата публика во претпоследниот дуел за македонскиот тим во СЕХА лигата.

„Црната дупка“ во второто полувреме, односно скоро десетте минути без погодок и многубројни грешки на вардарци беше причината што од позитива 17:20 во 46 минута, се најдоа во позиција да бркаат резултат на шест минути до крајот на мечот, 21:20.

Милосављев на двапати спаси обид за плус два за Нексе, за потоа Мартин Поповски да стави крај на аптиненцијата и да изедначи на 21:21.

Но серијата на грешки, како и проблемите со одличниот Цар на голот на Нексе беа причината за серијата од 3-0 на хрватскиот тим, кој се радуваше на крајот.

Цар со 16 одбрани беше херојот на Нексе, додека Јагањац имаше шест погодоци. Во редовите на Вардар Милосављев имаше 13 интервенции, а Поповски, Мораес, Чупиќ, Дибиров и Војводиќ постигнаа по три гола.

 

Извор: https://sportmedia.mk/