(ОБНОВЕНО) „Бомбашите“ и денеска не одмараат: Нови закани во скопските училишта

1 min read

Премиерот Ковачевски вчера рече дека има интересни првични резултати од истрагата. Како интересен податок што го спомена тој е тоа што била донесена одлука за префрлање на мејл-серверите на посебни сервери на училиштата, но новите електронски адреси веднаш биле доставени до дојавувачите

Дојавите за бомби во училишта не прекинаа ниту денеска. До 9:30 часот во Министерството за внатрешни работи (МВР) е пријавено дека закани се пристигнати во 16 училишта во Скопје.

„Денеска до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,

велат од МВР.

Покрај во Скопје, од МВР дополнително информираа дека дојава има дојава и во едно училиште во Прилеп.

За учениците да не губат настава, Министерството за образование и наука (МОН) вчера им препорача на училиштата кога ќе добијат закана за бомба да организираат онлајн настава.

Во меѓувреме, епилог од истрагата за дојавите нема, она што го тврдат од власта е дека сето тоа е хибридна војна и е поврзано со војната во Украина. Вчера премиерот Димитар Ковачевски рече дека има интересни првични резултати, но не откри детали. Како интересен податок што го спомена тој, е тоа што била донесена одлука за префрлање на мејл-серверите на посебни сервери на училиштата, но новите електронски адреси веднаш биле доставени до дојавувачите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Руската инвазија работи на кинески делови

Следно

Земјите на ЕУ за една година испратија големи количества оружје и муниција во Украина

Latest from Blog