Нов македонско-бугарски бран – анализа во Студио 1 со историчарката Котлар Трајкова

во категоријата Македонија

Реакција на политичко-историчарската елита во Бугарија најавува цунами кон Македонија со изјави за историски личности и настани кои ги подигнаа тензиите и покажаа дека нема да оди лесно разбивањето на предрасудите во односите меѓу двете земји.

Според историчарката д-р Наташа Котлар Трајкова, изјавите имаат позадина во внатрешните прилики во Бугарија, а познат е и последниот случај околу Красимир Каракачанов и неговата вмешаност во скандалот со делењето бугарски пасоши на македонски државјани за пари, но и изборите во европскиот парламент.

-Сепак, кога ќе се појави една таква лавина, реторика во однос на Македонија, не би ги исклучила ни западните влијанија во однос на внатрешната бугарска политика, но и руската. Претпоставувам дека има судир на интереси кој мора да избие, па се зема темата околу Македонија, смета таа.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/