Ни Волф не им чини: Хамбургер за 12 години смени дури 19 тренери!

во категоријата Спорт

Ханес Волф не ја преживеа кошмарната сезона што ја имаше германскиот Хамбургер во втората Бундес лига. Откако клубот од северот не успеа да избори пласман во елитната германска лига, раководството екпресно реагираше и му врачи отказ на Волф.

И така тренерската вртелешка продолжи да врти. Волф е 19-тиот тренер што клубот го смени во изминатите 12 години вклучувајќи ги и тренерите кои беа како преодно решение.

Ханес Волф седна на клупата во октомври минатата година на местото на Кристијан Титц за кого управата сметаше дека не е кадарен да го предводи тимот. Пред Титц кормилото го држеа уште Бернд Холербах, Маркус Гиздол, Бруно Лабадија, Петер Кнобел (в.д), Јозеф Цинбауер, Мирко Сломка, Берт ван Марвијк, Родолфо Кардозо (двапати како в.д.тренер), Торстен Финк, Франк Арнесен (в.д), Михаел Јенинг, Армин Фе, Рикардо Мониз (в.д.), Бруно Лабадија, Мартин Јол, Хуб Стевенс и Томас Дол.

Извор: https://sportmedia.mk/