Ниту Рома, Јувентус и Наполи: Икарди се сели во Франција?

во категоријата Спорт

Мауро Икарди влегува во групата на оние фудбалери кои и натаму бара нова средина. Јасно е дека Интер и Аргентинецот ќе се разделат, но фудбалерот не сака да замине во било кој тим.

Во игра за неговиот потпис влегоа Рома, Јувентус и Наполи, но ниту еден од овие три тима не успеа да го договори неговиот трансфер со Интер.

Најновото е Монако. Францускиот тим неофицијално му нуди седум милиони евра годишно и долгогодишен договор, но главниот проблем е што Икарди сака да игра во Италија.

Монако веќе во нападот го има Висам Бен Једер, но нема ништо против да го доведе и Икарди.

Извор: https://sportmedia.mk/