НИКОЈ КАКО БАЖЕ ИЛИЈОСКИ: Пет финалиња – пет трофеи

во категоријата Спорт

Баже Илијоски, најдобриот стрелец во историјата на Првата лига со 145 голови, актуелен капитен на Работнички, е рекордер и во поглед на освоените пехари во Купот на Македонија. Интересно е тоа што тој има пет настапи во финалето во Купот и нема пораз, се радувал на сите пет трофеи. Биланс кој е вистински фудбалски раритет. Се започна во 2008 година во финалето во кое во Скопје екипата на Работнички го победи Милано со 2:0.

Потоа во 2011 година на финалето во Прилеп, тогаш како фудбалер на Металург славеше со 2:0 против Тетекс. Во 2014 година, повторно како „романтичар“ се радуваше, сега против Металург со 2:0. Следната година исто како член на Работнички го освои четвртиот пехар и тоа против Тетекс кога беше 2:1.

И на крај, во 2017 година во Струмица, Баже беше херојот на Пелистер против Шкендија, кога успеа да го постигне последниот гол во пенал – серијата и да му го донесе пехарот на битолскиот клуб.

Значи испаѓа дека ако сакаш пехар во Купот ангажирај го Баже, тој не губи во големото финале.

 

Извор: https://sportmedia.mk/