Никогаш не го потценувај противникот: Пролет тесно со Металург 2

во категоријата Спорт

Во второто полувреме по 16-16, Пролет со серија од три гола дојде до поголема предност, а во последните десет минути имаше комотни 23-29. Малото опуштање или потценување на младите „металурзи“ брзо беше казнето, во последната минута беше 32-32. Капитенот Андоновски ја врати предноста, Металург2 имаше последен напад за израмнување, но голманот Кристо интервенираше и ги спаси бодовите.

Иван Џонов одигра одличен натпревар постигнувајќи десет погодоци, Мартин Поповски реализираше шест, а Ласко Андоновски пет гола за Тинекс Пролет. Во редовите на Металург 2, Мелоски и Кофилоски постигнаа по 6 гола.

Извор: https://sportmedia.mk/