Низ воздушниот простор на Турција на 20 секунди прелетал по еден авион

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – АРИФЕ ЈИЛДИЗ УНАЛ – Низ воздушниот простор на Турција во првите 7 месеци од годината реализирани се 1.148.426 летови, од кои 272.557 биле транзитни, односно, на 20 секунди по еден авион летал низ воздушниот простор на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Генералниот директорат за управување со аеродромите, во последните години значително е зголемен бројот на патниците кои патуваат со авион. Во последните 10 години, бројот на патниците кои патувале со авиони е зголемен за 157 отсто, што значи е зголемен од 45 на 116 милиони патници.

Во 2002 година, во внатрешниот сообраќај од два центри до 26 дестинации летал само „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines THY), а денес шест домашни авиокомпании од седум центри летаат кон 56 дестинации.

Во 2003 година во надворешниот сообраќај се летало на 60 дестинации, денес се лета кон 119 земји, 296 дестинации.

– Транзитниот премин се зголеми за 3,2 отсто

Бројот на летови во турскиот воздушен простор, вклучувајќи ги и реализираните транзитни летови во периодот јануари – јули, изнесува 1.148.426. Според тоа, низ воздушниот простор на Турција на секои 20 секунди поминал по еден авион. Во овој период бројот на транзитните авиони се зголеми за 3,2 проценти.

Во овој период, исто така регистрирани се 753.545 комерцијални летови. Од летовите, 86 проценти биле комерцијални.

Заклучно со крајот на јули, во домашниот сообраќај имало 393.162 летови, а бројот на летовите во меѓународниот сообраќај достигна до 875.869.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/