Нема решение за кризата во Албанија

во категоријата Регион

Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама ги продолжија судирот за локалните избори и улогата на претседателот во актуелната криза. Коментирајќи ја одлуката на Изборниот совет, на 30 јуни да се одржат локалните избори, претседателот Мета изјави дека Изборниот совет не може воопшто да ја разгледа валидноста на Указот бидејќи тоа не му го дозволува Уставот.

Илир Мета, Претседател на Албанија

„Вчерашната одлука донесена од Изборниот совет е процедурален трик за политички се оправда незаконитото дејствување на членовите на владејачката парија во Централната изборна комисија. Тоа е очаен обид за градење пропагандна операција внатре и надвор од земјата за индиректно анатемисување на одлуката на шефот на државата. Но, ова е неуспешна операција бидејќи одлуката не може да го смени Указот на Претседателот на Републиката“.

Премиерот Еди Рама продолжувајќи ја кампањата за локалните избори рече дека ќе го туркаат до крај процесот на разрешување на Претседателот Илир Мета. Тој ја обвини опозицијата дека се научени се да добиваат со насилство.

Еди Рама, премиер

„Пред две години го земаа тоа што не им следуваше и помислија дека можат пак да добијат се. Со дивеење и со молотови коктели кое го покриваат со пеење на државната химна мислат дека можат да земат се. 30 години со истата парола. Беше Нано замини, па Мета замини, па Мајко замини, па Рама замини. Дури и паролата ги мрзи да ја менуваат. Рама заминува и заминуваат сите по ред еден по еден. Чудо големо!“

Меѓународната заедница и натаму бара дијалог и решение на состојбата. Претставниците на американската и амбасадата на ЕУ се сретнаа денеска со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша. По средбите, тој одби да коментира детали за разговорите, но истакна дека на 30 јуни тој нема да се дозволи да се одржат локалните избори.

Мефаил Исмаили

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/