Нема подолги задржувања за излез на ГП „Богородица“, слаб пропуст на возила на грчка страна

во категоријата Македонија

На граничниот премин „Богородица“ за влез и излез од нашата држава нема подолги задржувања, но пропустот на возила од грчка страна е со послаба динамика, информираат од дежурната служба на ГП „Богородица“.

– Од наша страна нема застој, возилата се пропуштаат за пет до десет минути, меѓутоа од грчка страна има застој. Колоната возила е речиси до нашата граница, информираат од дежурната служба на ГП „Богородица“.

Посочуваат дека пропустот на возила од грчка страна е со слаба динамика, но засега немаат никакво официјално соопштение за евентуални проблеми.

Од АМСМ информираат дека на граничните премини има зголемена фреквенција, но нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Извор: https://tv21.tv/