НЕМА ДА ГО ВИДАТ ГЛАЗГОВ: Извадените британски визи на Шкендија ќе и останат како сувенир!!!

во категоријата Спорт

Шкендија се подготвуваше за спектакл со Селтик, се подготвуваше за пат или лет кон Глазгов, но ништо од тоа. Интересно е тоа што уште пред одигрување на реваншот со Номе Калју, тетовци ги извадиле визите, неофицијално и авио билетите. Брзање било денеска, и со право ако се знае дека тешко се вади таа проблематична британска виза. Неофицијално и билетите биле купени, но тетовци Глазгов нема да го видат. Визите и билетите ќе им останат како сувенир. Сега претстои време во кои во Шкендија некои прашања треба да се одговорат, онака машки. Оваа брука навистина треба да се објасни. Допрва во Шкендија ќе има зошто, како, што и друго.

Извор: https://sportmedia.mk/