Нема да бидеме фини со Финска, сакаме старт со победа

во категоријата Спорт

Нема сомневање дека очите на Европа денеска ќе бидат насочени кон Македонија и нејзината европска премиера во групата Ц во Љубљана (17:30 часот) против Финска, во исчекување дали дебитантот на континенталниот собир ќе се промовира со победа.

Уште во првиот меч се чини дека многу работи ќе бидат јасни за македонскиот одбојкари, пред се, дали онаа шанса и оптимизам кои ги имаат откако ги дознаа противниците во групата за пласман во следната фаза биле реални и вистинити.

Финска и Македонија првпат ќе ги измерат силите на еде официјален меч. Досега тие не се сретнале ниту во еден квалификациски циклус, или, пак, Европската лига… Патиштата секогаш ни се разминувале…

Резултатите кои Финска ги има летово не импресионираат. Екипата доживеа и тренерска смена, како и подмладување во тимот, па главна ѕвезда, верувале или не, им е либерото Лаури Керминен. Имаа очаен настап во Европската лига, слична слика и во олимписките квалификации, а ниту пријателските дуели пред ЕП не импресионираа. Но, она што може да ја направи разликата е фактот дека за нив ова е 17 Европско првенство, а за нас прво.

Македонија цели 15 години чекаше ваква шанса, да игра на едно големо натпреварување. Сега влегува на мала врата, како аутсајдер, како тим од кој никој ништо не очекува, но токму таа слобода и растовареност нуди шанса за момците да блеснат во полн сјај.

„Со секој противник ќе одиме на победа. Нема ниту силни, ниту слаби ривали на ЕП и се ќе зависи од нас и од нашата игра. Финска, Турција и Белорусија се противници против кои може да играме затоа што сме рамноправни, но нема да има бело знаме ниту со Русија и Словенија. Победа на старт многу ќе значи и за самодоверба и за понатамошниот тек на првенството, секако дека и со други очи би не гледале и другите доколку отвориме со триумф… Фактот дека сме дебитанти, дека не гледаат како аутсајдери, ни доволува со расповареност и без притисок да го дочекаме секој меч, по мислам дека на сите им е јасно дека не смеат да не потценат затоа што скапо ќе ги чини“, заклучува Владо Милев, еден од најискусните во нашиот тим.

А триумф над Финска за старт… е тоа ќе биде вистинско „живеење на сонот“ кое истовремено ќе ни ги отвори широко вратите за следната фаза на ЕП.

Извор: https://sportmedia.mk/