НА 10 АВГУСТ СПЕКТАКЛ ВО ПРИШТИНА: Фероникели му плати на Милан 600.000 евра за да игра пријателска!!!

во категоријата Спорт

Кога се сака се се може. Кога ќе се платат 600.000 евра исто така се се може, од ова нека научат и нашите клуови, посебно оние кои важат за големи за наши услови.

Имено на 10 август во соседно Косово, поточно во Приштина ќе има спектакл. Ќе гостува гигантот Милан од Италија, мечот започнува во 20:45 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“. Домаќин ќе биде тимот на Фероникели, шампионот на Косово кој сега игра во квалификациите во ЛШ.

Е овој клуб му платил на Милан цели 600.000 евра за да дојде и да гостува во Приштина, значи сите пари што Фероникели ќе ги земе од УЕФА ќе ги даде на Милан. Колку за се потсетување, шеф на стручниот штаб на тимот од Приштина е нашиот стратег Зекирија Рамадан.

Извор: https://sportmedia.mk/