На Месечината откриена огромна метална маса, научниците збунети

во категоријата Свет

Научниците од Универзитетот Бејлор во САД, објавија дека под таканаречениот Аиткенов базен на Месечината регистрирале огромна маса со непознато потекло. Според нивните истражувања, во подрачјето лоцирано во близина на јужниот пол на нашиот природен сателит би можело да лежи метален материјал од астероид кој во далечното минато удрил на површината на Месечината, пренесува „Геофизикал рисерч“.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/