Научниците предупредуваат на посилни турбуленции како резултат на климатските промени

во категоријата Технологија

Потенцијално опасните турбуленции стануваат се почести на трансатлантските летови, како резултат на промените во воздушните струења поврзани со климатските промени, покажува една студија.

Турбуленциите на чисто небо, што е потешко да се предвидат во споредба со турбуленциите предизвикани од облаците, се појавуваат кога ветровите варираат во брзина или во правец со промената на висината.

Новата студија, објавена во списанието „Природа“, открила значително интензивирање на овие варијации над северниот дел на Атлантикот од 1979 година.

„Постои јасен тренд кон посилно вертикално смолкнување… над скоро целиот Северен Атлантик“, се вели во извештајот, составен од метеоролози на Универзитетот во Ридинг, Англија. „Трендот е статистички значаен во основата на климатолошките воздушни струења“.

Од универзитетот бараат да се направат подетални студии за ефектите на климатските промени врз смолкнувањето на ветрот, наместо само врз брзината на ветрот.

„Нашите резултати укажуваат дека климатските промени може да имаат поголемо влијание врз северо-атлантските воздушни струења отколку што претходно се претпоставуваше“, напишаа тие.

Над 3000 авиони го прелетуваат северниот дел на Атлантикот секој ден.

ИЗВОР: https://usb.mk