НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Комплексот „Енфилд“

во категоријата Спорт

На последните десет меѓусебни натпревари беа постигнати вкупно 44 гола, точно 30 на претходните шест дуели во Ливерпул, од кои домаќинот 22 пати ја погодувал целта. Најголем страв Арсенал имаше од Роберто Фирмино, стрелец на седум погодоци на претходните четири меча на „Енфилд“. А не е само Бразилецот способен да му го „загорчи“ животот на Унај Емери. Тука се Садио Мане и Мохамед Салах кој погодуваа на три, односно на двата претходни мечеви со Арсенал.

Јирген Клоп нема да смета на повредениот прв голман Алисон Бекер, додека вон стројот се уште Натаниел Клајн и Наби Кеита. Од друга страна, Гранит Џака би можел да се врати во составот на Арсенал после залечената повреда, а и понатаму не е познат статусот на Месут Озил.

Извор: https://sportmedia.mk/