Нант и Лазаров елиминирани во Купот на Франција

во категоријата Спорт

Кирил Лазаров и Нант се елиминирани од Купот на Франција, откако во четвртфиналето со 36:32 (20:15) доживеаја непријатно изненадување на Шамбери.

Противникот на Лазаров одигра одлично прво полувреме, па иако во продолжението Нант стигна до егал (28:28) сепак не успеја да се избори за целосен пресврт.

Лазаров постигна само еден гол на овој натпревар.

Покрај Шамбери, на финалниот турнир ќе се најдат и Данкерк и второлигашот Нанси, додека последниот патник треба да го даде победникот од дуелот меѓу Монпеље и ПСЖ.

 

Извор: https://sportmedia.mk/