Могерини побара Косово да ги укине таксите за Србија и БиХ

во категоријата Регион

29 ноември 2018 / 9:32

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини му рекла на претседателот на Косово Хашим Тачи дека одлуката за воведување на 100-процентни царини за стоки од Србија и Босна и Херцеговина треба да биде повлечена, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија, лиферувано по телефонскиот разговор помеѓу Могерини и Тачи.
Оваа мерка не помага да се воспостават добрососедски односи и мора да се укине, порачала Могерини. На 21 ноември, Косово воведе 100 отсто такси за стоки од Србија и Босна и Херцеговина. Одлуката на Приштина предизвика протести меѓу српското население во северниот дел на земјата.

Извор: http://www.alsat-m.tv/mk/