Мицотакис: Договорот од Преспа е лош договор за Грција, ако треба ќе се стави вето за да се одбранат националните интереси

во категоријата Регион

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија Кирјакос Мицотакис порача дека ако е потребно да се стави вето на процесот на преговори на Скопје со Европската унија, за да се одбранат национални интереси, ќе се направи тоа. Тоа.

„Договорот од Преспа е лош договор за Грција, договор за кој Ципрас и Коѕијас, преговарале тајно, а Каменос беше оној кој му го даде пенкалото на Ципрас во Преспа за да го потпише договорот и исто така има голем дел од одговорноста за се што се случува. Нова демократија го признава фактот дека денес имаме еден ратификуван меѓународен договор. Но, не ги напушта националните оружја што ги има на располагање. А ако ова значи дека треба да стави вето на пристапниот процес на Скопје во Европската унија за да ги одбраниме националните интереси, ќе го стори тоа“ – порача Мицотакис и додаде дека тие направиле сѐ што можеле за да го спречат договорот.

ТВ21 АНКЕТА

Loading ... Loading …

Извор: https://tv21.tv/mk