Михајлов за дуелот со „лавовите“: Посакувам да имаме коректно судење!!!

во категоријата Спорт

Утре во Ѓорче, Борец и гостува на Македонија ЃП во меч од 5.коло во ПМФЛ. По победата над Шкендија во минатото коло, велешани се во „облаци“, но знаат каде гостуваат.

„Што се однесува до самиот натпревар, очекувам фер и коректен меч. Македонија ЃП е благ фаворит, тоа е тим кој што оствари добри резултати, покажа добри игри во досегашниот дел од шампионатот. Нема пораз, тоа доволно говори за нив. Верувам и посакувам дека ќе имаме коректно делење на правдата, дека судењето ќе биде на посакуваното ниво. Останува крајот на мечот да го дочекаме во една мирна и коректна атмосфера“ изјави за СПОРТМЕДИА тренерот на велешани Горазд  Михајлов.

Борец е на седмото место на табелата во ПМФЛ, додека Македонија ЃП е на втората позиција зад лидерот Академија Пандев.

Извор: https://sportmedia.mk/