Министерството за здравство со препораки за заштита од сезонски грип

во категоријата Македонија

Со оглед на студеното време, ниските надворешни температури во тековниот период и снежните наноси на одделни места во Република Македонија, Министерство за здравство ја информира јавноста за мерките од Акцискиот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населението во Република Македонија, како и за превентивните мерки и препораки со цел заштита на здравјето на населението.

Министерството за здравство за ладното време порачуваат препораки за заштита од сезонски грип како: Навремено вакцинирање, топли напитоци, доволно храна за одржување на температурата на телото, избегнување на алкохол, избегнување на физичка активност, внимателност на лизгави површини, повеќеслојна облека, движење во затворени простории, да не се излегува ако не е неопходно, најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21°C).

Министерството за здравство изврши и анализа за евентуална потреба од достава на лекови до граѓаните кои имаат потреба од достава на лекови, како и проценка за тоа на кои лица кои примаат хронична терапија ќе им биде потребна достава на лекови, согласно заклучокот од седницата на главниот штаб за управување со кризи за местата кои се најпогодени од снежниот бран кој ја зафати Македонија во изминативе денови.

ИЗВОР: https://tv21.tv/