Милан се поблиску до Ловрен, денеска имало нови преговори

во категоријата Спорт

Во текот на денешниот ден имало нови контактина реалција Милан – Дејан Ловрен, по што хрватските медиуми објавија дека реализацијата на трансферот на дефанзивецот на Ливерпул на „Сан Сиро“ изгледа се пореална.

Неколку италијански портали кои го следат Милан, јавија дека контактот меѓу двете страни станува интензивен.

„Според нашите информации, во претходните неколку часа имало нов контакт меѓу Милан и агентот на Ловрен. Дефанзивецот е желба на росонерите, а неговите преставници утрово беа во Каза Милан, каде имале состанок со челниците на клубот“, се вели во информацијата на Милан Њуз.

Според проценките, ако двете страни се договорат, Милан ќе му плати на Ливерпул околу 25 милиони евра.

Извор: https://sportmedia.mk/