Милан има само еден услов за да го продаде Сусо во Атлетико (М)

во категоријата Спорт

Милан е подготвен да го продаде Шпанецот Сусо во Атлетико (М), но само под еден услов – најмалку 25 милиони евра. Ова е сумата под која „росонерите“ не сакаат да чујат за старт на преговори со шпанскиот тим.

Атолетико (М) наводно, е подготвен да му ги исполни барањата на фудбалерот и да му даде плата во висина од 6 милиони евра по сезона. Агентот на Сусо, Алесандро Лучи, имал нова средба со реководството на Милан во четвртокот, со оглед на тоа што иднината на Шпанецот и натаму не е решена. Од Милан јасно му ставиле дознање дека тие нема да прават проблеми за негово заминување, но само под услов некој да ги плати бараните 25 милиони евра како отштета.

Сусо има уште три години за својот договор и има клаузула за ослободување во висина од 38 милиони евра, но Милан е подготвен да ја спушти цената доколку добие и разумни бонуси.

Извор: https://sportmedia.mk/