Полицијата на граничниот премин Батровци (меѓу Србија и Хрватска) пред три дена откриле седум мигранти скриени во ладилник кој бил активен, и внатре било -22 степени.
Мигрантите биле најдени благодарение на царинскиот скенер кој детектирал човечки тела. Цариниците веднаш го отвориле товарот на камионот кој превезувал замрзнати малини за Германија, и во него пронашле седумина млади Авганистанци.
Вистинско чудо е како мигрантите преживеале и минале без повреди.
ТВ21 АНКЕТА

Извор: https://tv21.tv/mk