Мета не отстапува од идејата за избори на 13 октомври

во категоријата Регион

Албанскиот претседател Илир Мета не се откажува од идејата за избори на 13-ти октомври, велејќи дека тоа е единственото решение. Според Мета, само на овој начин опозицијата може да и помогне на земјата, демократијата и на самата себеси. Претседателот направи паралела потенцирајќи го случајот на Србија.

„Ако опозицијата во Србија очекуваше Милошевиќ да го осуди Милошевиќ, или да гарантира слободни и фер избори, тој, ако беше жив, се уште ќе беше на власт. Но, опозицијата донесе вистинска одлука со обединување и го порази. Потоа му ги стави лисиците и го однесе во Хашкиот трибунал. Затоа, изборите се единственото решение за демократијата и правдата. Се друго е изговор, алиби и заедничка вина! Октомври доаѓа! “, вели претседателот на Албанија, Илир Мета.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/