Металург се врати од Копаоник, но кратко ќе се задржи во Скопје

во категоријата Спорт

Металург се врати од Копаоник каде ракометарите го одработија првиот дел од подготовките. Тимот од Автокоманда кратко ќе се задржи во Скопје, веќе во четврток ќе замине за  за Чехово, каде ќе бидат дел од турнирот на Чеховски Медведи, заедно со домаќинот и со екипите на Мешков Брест и на Стеауа.

Од таборот на Металург најавија дека комплетниот состав ќе дојде во „Борис Трајковски“ и ќе ја бодри кадетската репрезентација на Македонија на утрешната средба против Португалија во рамките на осминафиналето на Светското првенство кое се одржува во нашиот главен град.

Извор: https://sportmedia.mk/