МВР: Редовни полициски активности во Сарај и Грчец

во категоријата Македонија

Полицијата го пребарува скоро секое возило на влезот и излезот од селото Грчец, општина Сарај. Полициското присуство е зајакнато од синоќа, па на теренот може да се забележат како патролираат и џипови на единиците за брза интервенција. Полицијата не излегува со официјален став за какви проверки се работи. Накратко соопштија дека вршат некаква проверка на теренот.

Министерство за внатрешни работи:

„Ова не е полициска акција, туку вообичаени активности за оперативно планирање на Министерството за внатрешни работи.“

Но, жителите на Сарај се загрижени. Тие велат дека полицијата не влегувала по куќите, но се плашат од нивното позиционирање.

„Го блокираа селото. Ја блокираа работата на поле. Жителите не можат да одат на поле. Тие нè блокираа, не нè оставаат да излегуваме, ниту да влегуваме. Од која причина? Не знаеме за што станува збор“…

„Деновиве има зголемени полициски сили, но од која причина не знаеме. Насекаде има спорови и проблеми, во општината и во државата. Можеби има и кај нас нешто, но што е проблемот, не можеме да кажеме“…

„Да, жителите се малку загрижени, но полицијата си ја врши својата работа. Дали претресуваа куќи? Не, не знам дали влегувале некаде по куќи“, рекоа локалните жители.

Освен во Сарај, слична ситуација може да се забележи и во некои села во општина Студеничани. Според неофицијалните информации што ги добивме, станува збор за акција против осомничен шверц и нелегално поседување оружје. Од општината Сарај пак, велат дека тие не се официјално информирани за оваа операција, но ги повикуваат жителите да останат смирени.

Аднан Ќаили

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/