Мајсторка ќе одлучува за шампионот во АБА: Будуќност изедначи на 2:2 против Црвена Звезда

во категоријата Спорт

Шампионот во АБА-лигата ќе го одлучува „мајсторка“, откако кошаркарите на Будуќност со 84:80 ја совладаа Црвена Звезда во „Морача“ и со тоа изедначија на 2:2 во најсилното јадранско натпреварување.

Нова драма како и пред два дена во Подгорица беше понудена и овојпат со неспортско однесување на трибините и со непочитување на барањата на АБА-лигата. Истовремено и на теренот се водеше голема битка, каде играа нервите, но Црвена Звезда беше таа која успеваше да го контролира резултатот, барем до полувремето, 35:38.

Имаа и двоцифрени 41:51 гостите, но Будуќност со серија 12-2 се врати во продолжението и дојде до егал 53:53, а потоа се избори и за пресврт и победа.

Шампионот во АБА-лигата и новиот учесник во Евролигата следната сезона ќе биде познат во понеделник, во Белград.

Извор: https://sportmedia.mk/