МАЈК ТАЈСОН: Џошуа е добар боксер, но не е моја класа!!!

во категоријата Спорт

За некои е најдобриот боксер во историјата, некои пак ќе го паметат по лошо, сепак контроверзниот Мајк Тајсон секогаш е во центарот на вниманието. Па така деновиве на прашањето за тоа што мисли за сегашните боксери во тешка категорија, Фјури, Вајлдер и Џошуа, тој се задржа најмногу на овој последниот.

„Џошуа е добар боксер, тој донесе нешто ново во светот на боксот. Очекувам повторно, и тоа многу брзо, повторно да биде светски првак. Му посакувам се најубаво. Околу тоа дали е подобар од мене, од времето кога јас боксував…па видете моето его вели дека мене никој ме може да ме победи, веројатно не е моја класа, сепак на Џошуа му е потребно искуство, а тоа доаѓа со времето“ изјавил легендарниот Мајк Тајсон.

Извор: https://sportmedia.mk/