Марш на мирот од Чаир до Плоштад „Македонија“ – 24 години од геноцидот во Сребреница

во категоријата Македонија
Граѓанската организација „Бошњачки национален совет“ на Република Северна Македонија, со Марш на мирот ја одбележa 24 годишнината од геноцидот во Сребреница. Првиот дел од манифестацијата беше марш, кој започна од паркот кај Веро во Чаир, преку улицата „Цветан Димов“ и камениот мост и заврши на плоштад „Македонија“.
Вториот дел беше културна програма на самиот плоштад. Македонија во 2010 година во Собранието донесе резолуција за Сребреница, со која се усвоени резолуциите на Советот на Европа и Европската унија и со тоа стана држава која признава и прифаќа дека во Сребреница во 1995 година е извршен геноцид.

Извор: https://tv21.tv/